Талат Џафери нема право да биде член на Претседателството на ДУИ, Уставот му забранува

од Destan Jonuzi
197 прегледи

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на седницата на Генералниот совет во саботата на сопартијците им го предложи претседателот на Собранието Талат Џафери за член на партиското претседателство, но постапкат се покажаа како неуставна.

Во членот 67 од Уставот се вели: „Функцииата на претседателот на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија“.

Членот на Надзорниот совет на ДУИ Муса Џафери за Тв21 најави дека ќе направи внатрепартиски консултации за учеството на претседателот на Собранието Талат Џафери во раководството на партијата.

– Во оваа појдовна точка прво ќе се консултираме за учеството на претседателот на Собранието во претседателството, од причина што претседателството е извршен орган и дали е тоа во согласност со законот и Уставот, изјави Муса Џафери.

Најавата за преиспитување на учеството на собранискиот спикер во раководството на ДУИ следува по саботниот состанок на Централниот совет на партијата, кој Талат Џафери предвреме го напушти откако искажал забелешки за некои кадровски решенија и не биле прифатени неговите предлози за членови во раководните партиски тела.

Талат Џафери, побара поголема застапеност на гостиварскиот огранок на партијата, на што Муса Џафери му порачал дека „Гостивар го има претседателот на Собранието“.

Освен Муса Џафери, во Надзорниот совет на ДУИ ќе учествува и Беким Незири, Јуамин Синани, Зенун Матјани, Мемет Селами, Шукри Масурица и Недим Рамизи. Доколку има статутарни прекршувања, за почеток се предвидува забелешка во партијата, а истите забелешки надзорниот совет има право да ја достави пред суд.

Д.Ј.

Слични содржини