Албанија лансираше сателит у вселената, пишува лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејбсук, а ние, како што вели, се уште се мачиме да лансираме топла вода во студентските домови.
„Албанија лансираше сателит у вселената.Северџанистан се мачи да лансира топла вода у студентски домови“, стои во статусот на Апасиев.
Студентите од „Стив Наумов“ револтирани ги преплавија социјалните мрежи со апели. Студентите не сакале да зборуваат пред камерите, но зад камера изјавиле дека веќе десетина дена немаат топла вода, па тие одат во студентскиот дом „Гоце Делчев“ каде ги извршуваат своите основни потреби.
Директорот на државниот Студентски дом-Скопје, Виктор Велевски, за ТВ 24 вели дека информиран е за проблемот и уверува дека во текот на денешниот ден проблемот ќе биде решен.
– Во моментот се работи на санирање на проблемот со топла вода во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје -зграда 3. Се работи за дефект на греачи на главниот систем за загревање на топла вода, очекувам во текот на денот проблемот да биде решен. – изјави Велевски.