Иран: Не ѝ обезбедивме дронови на Русија за војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Иран денеска објави дека не ѝ обезбедил на Русија дронови за употреба во Украина, објави „Ројтерс“.

„Веста што се појави, а која вели дека Иран и дал дронови на Русија, има политичка заднина и циркулира на Западот. Сепак, ние не сме обезбедиле оружје на ниту една страна во оваа војна“, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Насер Канани, на прес-конференција.

Во последните недели Киев и голем број западни земји ја обвинија Москва дека користи беспилотни летала камикази од иранско производство, а оваа тема може да се разговара денеска на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија во Луксембург.

Слични содржини