Вучиќ: Белград последниве недели е како Казабланка

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ присуствуваше на церемонијата по повод 20-годишнината од формирањето на Безбедносно-информативната агенција во Србија.

Денеска се навршуваат 123 години од формирањето на Одделот за доверливи полициски работи.

„Не можеме да се потпреме само на војската за да ги постигнеме целите за национална безбедност. Денес ми се чини дека живееме во време во кое активноста на нашата служба е најважна, особено според надворешниот фактор. Белград е како Казабланка последниве недели. Кога имаме гости од Русија, ги откриваме оние од западните служби кои ги следат. Кога имаме гости од Запад, тогаш оние другите кои ги следат внимателно. Ова само покажува колку сите се заинтересирани не само еден за друг, туку и за ова парче земја, кое би сакале да го зачуваме за себе“, наведе Вучиќ.

Слични содржини