Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Луксембург одобрија почеток на мисија за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ и ѝ доделија на Украина нови 500 милиони евра за набавка на оружје.
Мисијата се вика EUMAM Украина.
Со мисијата од Брисел ќе раководи Службата за воено планирање, тело на воениот штаб на ЕУ кое веќе управува со обуката на некои африкански армии во Мозамбик и Сомалија.