Зеленски: Руските напади уништија 30 отсто од украинските електрани

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

Руските воздушни напади уништија 30 отсто од украинските електрани од 10 октомври, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Тој на Твитер напиша дека нападите предизвикале масовни прекини на струја ширум Украина и дека „не останува простор за преговори“ со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува „Ројтерс“.

Руските сили денеска ја нападнаа енергетската инфраструктура во северниот дел на Киев, а над градот беа забележани неколку експлозии и чад, додека градот Житомир остана без струја и вода, соопштија украинските власти и очевидци.

Слични содржини