ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство

од Vladimir Zorba
187 прегледи

АД ЕСМ на 17.10.2022 година произведе 12.660 MWh електрична енергија.

Во Термоелектраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино произведени се 12.253 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 407 MWh.

АД ЕСМ на 17.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствени, домашни капацитети.

Согласно договорот кој го склучи ЕСМ Продажба на 12.10.2022 година за продажба на 1.200 MWh вишоци на електрична енергија за периодот 13 – 18 октомври 2022 година со Дуферко МК, утрово се продадени последните 200 MWh. Станува збор за електрична енергија произведена во период од 2 до 6 часот за која Дуферко МК во конкуренција на уште две други компании (ЕТМТ и ДАНСКЕ) понуди цена од 135,7 евра од мегаватчас.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 17.10.2022 година.

Слични содржини