Арсовска: Ќе ги паркираме автобусите на ЈСП пред Владата и пред институциите кои ги блокираат процесите

од Берта Китинска
153 прегледи

Со паркирање на автобусите пред Владата и институциите градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска смета дека ќе изврши притисок ЈСП да добие пари, со кои подоцна, ќе ги исплати платите кон вработените.

И градоначалничката признава дека низ скопските улици изминатиот период не се обраќаат истите линии, во предвидените термини, за да превезуваат патници.

– Ние ќе отпочнеме со сите постапки кои што се во наша надлежност, а тоа е ќе им ги паркираме автобусите на ЈСП пред Владата и пред останатите институции кои ги блокираат процесите и на тој начин да овозможиме бесплатен јавен превоз за граѓаните и се додека не ги реализираме овие работи кои што тие ги долгуваат нема да се поместат автобусите од пред надлежните институции од каде што треба да се добијат овие средства – децидна е Арсовска.

Слични содржини