Приведен крадец осуден на 20 години казна затвор

од Nikola Popovski
211 прегледи

Денеска (18.10.2022) во 14.30 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(34) од Кочани, со живеалиште во Виница.

Тој бил осуден на казна затвор од 20 години за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по распишана централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Куманово и од Основен суд Виница за доиздржување на шест години и девет месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено поправна установа за доиздржување на казната.

Слични содржини