222
На 18.10.2022 во 00:20 часот во Полициската станица Велес бил приведен и задржан К.Ѓ.(26) од Велес, затоа што во полициската станица се обидел со остар предмет да ја нападне С.А.(23) од Велес.
Имено, С.А. дошла во станицата да пријави нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на 17.10.2022 околу 23:15 часот на ул.„Академик Пенчо Давчев“ во Велес, за што од слобода биле лишени А.Ш.(34), Д.М.(33), С.М.(62), А.Ѓ.(27) и А.К(24), сите од Велес, а во која учествувал и К.Ѓ..
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.