Ѓорчев предлага да направиме анекс на Договорот со Бугарија

од Nikola Popovski
211 прегледи

Поранешниот амбасадор во Република Бугарија, Марјан Ѓорчев предлага да направиме анекс на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

„Ако ние имаме национално единство, политичко единство во Парламентот тогаш нема од што да се плашиме за да им кажеме на нашите пријатели, колеги од Република Бугарија, дека од тука натака имаме сосема друг пристап кои е истоветен со вашиот рамноправен и симетричен. По точката за заедничка историја, асиметријата по националните малцинства и по ред други прашања кои се наведени во тој договор. Мора да се понуди од македонска страна за тие точки да направиме анекс кон договорот или репрограмирање“, кажа Ѓорчев во вестите на Тв Сител.

Слични содржини