Кичевски: JСП го упропастија медарот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска

од Берта Китинска
198 прегледи

За само една година новата локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје создаде хаос и го донесе до целосен колапс Јавното Сообраќајно Претпријатие.Поради неспособност на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка која се занимава само со тендери и провизии, јавниот превоз не функционира.Долгот во ЈСП, за само 1 година е драстично зголемен. ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го заглавија ова јавно претпријатие и јавниот превоз во Скопје го доведоа под прашање, вели во изјава за медиумите, Васко Кичевски, претседател на Градска огранизација на СДСМ.

Тој посочува дека тоа е единствена причина зошто денеска вработените во ЈСП немаат земено плата.

-Нема долг на Владата, тоа е само очаен обид за манипулација и прикривање на неспособноста, обид сопствената вина да ја префрлат на некој друг.JСП Скопје го упропастија заедно, медарот Христијан Мицкоски и Данела Арсовска.Заедно ветуваа бесплатен превоз за скопјани а сега велат друг дека треба да се грижи за ЈСП.Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска јавно да одговорат: дали во изминатава година е потпишан анекс договор, без никаква спроведена постапка на договорот за снабдување на нафтени деривати со кој секој литар гориво е поскап за 5,6 денари?Дали медарот и шпицен градоначлник Мицкоски и неговата градоначалничка повторно ги ставиле рацете во медот и на сметка на платата на вработените во ЈСП е направен криминал?, праша тој.

Слични содржини