Андоновски: Градот Скопје да ги обезбеди финансиите за ЈСП

од Берта Китинска
113 прегледи

Директорот на ЈСП кој вчера најави дека автобусите нема да сообраќаат, а неговиот колега најави дека ќе протестираат е член на СДСМ во една од општинските организации, поставен од градоначалничката без консултација со советот, ни со надзорен ни со управен одбор. Протестот е пред владата на СДСМ, а с сметаат треба да има протести оти МОН не префрлило 2 милиони денари на Град Скопје, а министер е кадар на ДУИ, Јетон Шакири, рече Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на град Скопје на денешната седница.

Тој посочи дека во исто време кадри на ДУИ се раководства на јавни претпријатие во Град Скопје поставени од третата алка во оваа коалиција ДУИ-СДСМ-Данела Арсовска.

– На крај велат дека ВМРО-ДПМНЕ било виновно. Не. ВМРО-ДПМНЕ го пресекува овој Гордиев јазол и повикуваме градот Скопје да ги обезбеди финансиите за ЈСП во најбрз можен рок, да ја искористи можноста со ребалансот. Градоначалничката рече дека повеќе години се натрупувале долгови во ЈСП. Точно е над 5 години СДСМ го владее ова претпријатие. Имате раководство сега на СДСМ, претходно време на Шилегов и ДУИ кое е во коалиција, ама неќе да исплати пари од МОН и тука ја имате Данела Арсовска која не знае со кого си фатила работа, нагласи Андоновски.

Слични содржини