Путин прогласи воена состојба во четири украински региони: Пристигна реакција од Киев

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи воена состојба во четирите окупирани региони на Украина, пристигна реакција од Киев, од Михајло Подољак, советник на Володимир Зеленски.

„Воведувањето воена состојба на окупираните територии треба да се смета само како псевдо-легализација на грабежот на украинскиот имот преку уште едно ‘прегрупирање’.

Ова не менува ништо за Украина. Продолжуваме со ослободување и деокупација на нашите територии“, порача Подољак преку својот Твитер профил.

Објавувањето на воена состојба во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје му дава на Кремљ, барем формално-правно, уште поцврста контрола врз тие четири украински региони.

Слични содржини