Арсовска: Никогаш не ми се тресе рачето, советниците да го поддржат ЈСП Скопје

од Nikola Popovski
169 прегледи

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска на денешната вонредна седница на Советот, на која се расправа за префрлање пари на ЈСП „Скопје“, повторно влезе во судир со советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа ги повика да „престанат да ги напаѓаат сите луѓе околу нив“.

-Не е убаво да се прикажувате како жртва, исто како вашиот шпицен градоначалник. Доколку сакавте да му помогнете на градот, требаше да излезете и да поддржите да се наплатат средствата, без разлика од која општина доаѓаат. Доколку сте дојдени со политиќки флоскули и да ја замаете јавноста, тука е говорницата и имате право на збор да си земете, рече Арсовска.

На прашање на еден од советниците од ВМРО-ДПМНЕ, „дали ѝ се тресе рачето“, Арсовска одговори:

-Не, никогаш. Со хируршка прецизност или математичка како што сака да каже шпицниот градоначалник. Еве ги ликовите: Јанушев директорот на ЈСП, спроти него сопственикот на Маратон, со кого го склучил штетниот договор, со кои шетаат овие автобуси низ Скопје, рече Арсовска и прикажа фотографија.

Таа уште еднаш ги замоли советниците да го поддржат ЈСП Скопје и да се изгласа точката за да му се помогне на претпријатието.

Слични содржини