Бугарското собрание не може да добие нов претседател и после четвртиот обид

од Nikola Popovski
108 прегледи

По четвртото последователно гласање за избор на претседател на 48. Народно собрание на Бугарија , се уште не е избран нов спикер, информираат бугарските медиуми.

Никола Минчев од „Продолжуваме со промената“ собрал одобрение од 97 гласа, 42 гласале „против“, а 100 народни претставници биле воздржани.

Росен Жељазков од ГЕРБ го поддржале 67 пратеници, 87 биле против, а 85 биле воздржани.

Ова е првпат пратениците на Народното собрание да не можат да изберат претседател на парламентот.

Копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов за медиумите во Собранието изјави дека и на утрешното гласање правилата ќе бидат исти.

За избор на претседател на парламентот е потребно барем еден од двајцата кандидати да собере 50 плус 1 од присутните пратеници.

Слични содржини