Што значи за Украина воведувањето на воена состојба во окупираните региони?

од Nikola Popovski
138 прегледи

Не долго откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи воена состојба во четири окупирани украински региони, за кои Москва тврди дека се дел од Русија, стигна првата реакција од Украина.

Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, смета дека тоа нема да промени ништо за Украина.

„Воведувањето „воена состојба“ на окупираните територии треба да се смета само како псевдолегализација на грабежот на украинскиот имот преку уште едно „прегрупирање“. Ова не менува ништо за Украина. Продолжуваме со ослободување и деокупација на нашите територии“, објави Михајло Подољак на Твитер.

Да потсетиме, Путин денеска потпиша указ за воведување вонредна состојба во регионите Доњецк, Херсон, Луганск и Запорожје, кои беа припоени кон Русија.

Рускиот претседател ова го соопшти на седницата на Советот за безбедност во време кога проруските власти во Херсон го евакуираат тој град, а Русите насилно ја напаѓаат украинската енергетска инфраструктура.