Гир за уставните измени: Не сакам да диктирам што треба да биде направено

од Nikola Popovski
271 прегледи

За уставните измени мораме да бидеме јасни дека тоа е суверена одлука која земјата треба да ја донесе, вели европскиот амбасадор Дејвид Гир.

Гир појаснува дека „не сака диктира што треба да биде направено или не“.

-Тоа не е моја работа, порачува евроамбасадорот.

Сепак, тој потенцира, дека има билатерална обврска во Договорот со Бугарија дека Уставот ќе биде променет.

-Кога гледаме на големата слика во меѓуетничките односи, оваа земја има добро досие и овие промени на Уставот дополнително, ќе го зациментираат тоа. Јас немам слушнато забелешка за промените иако има забелешки за генерални промени на Уставот. Фокусот на сите напори треба да биде кон продолжување на реформскиот процес напред и во интерес на граѓаните, но и да се забрза влезот во ЕУ, истакна Гир во вестите на Тв Сител.

 

Слични содржини