Ѓорчев: Словенечките гости беа навредени од пропустот со знамето

од Nikola Popovski
235 прегледи

Очигледно во протоколот има недостиг на квалитетни или нови кадри кои што се уште не се обучени како што треба. Тоа е голем хендикеп за државата. Ова е веќе петти или шести пат како нашата држава е неорганизирана околу знамињата на туѓи држави. На некој начин ги навредуваме гостите. Имав некои средби со луѓе од кабинетот на Фајон. Поранешниот амбасадор од Словенија, Анџеј Фарангеш беше мој гостин тука во Скопје. Разговаравме и тие беа многу навредени, вели поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев.

Според него, тоа е голема навреда и мораме што поскоро да го исправиме и да направиме обука на тие луѓе во Министерството за надворешни работи.

МНР денеска преку соопштение до медиумите изразува длабоко извинување за, како што се наведува, „ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата министри при посетата на министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите”.

Наместо словенечко знаме, беше истакна знамето на Словачка.

Слични содржини