ВИСАТ КОВЧЕЗИ со ТРУПОВИ: Морбидна несреќа во Италија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
212 прегледи

Околу десет ковчези со видливи трупови останале да висат во воздухот по уривањето на четирикатна зграда на најстарите гробишта во Неапол.

Ова е втор инцидент годинава на истата локација, токму од спротивната страна од гробиштата, а критичарите за проблемот го обвинуваат лошото управување со гробиштата во градот. За среќа нема жртви.

Гробиштата Поџореале се најголеми во Неапол и едни од најголемите во Европа, а додека трае истрагата за уривањето на мермерната зграда, властите одлучија да ги затворат гробиштата.

Делумно урнатата зграда по име „Воскресение“ се наоѓа во просторот на гробиштата „Порта Балестриери“ во близина на крематориумот, а во моментот на уривањето на гробиштата немало посетители бидејќи биле затворени.

– На уривањето му претходеше тресок и густ облак од прашина. Како администрација се грижиме за сите потребни формалности – изјави Винченцо Сантагада, советник од Неапол одговорен за гробиштата.

Слични содржини