Зеленски: Иран зема крвави пари од Русија

од Stefanija Kuzmanovska
120 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го обвини Иран дека зема „крвави пари“ од Русија за дронови камикази користени од руските сили во смртоносните напади врз украинските градови, вклучително и Киев.

Руската употреба на беспилотни летала во војната против Украина се интензивираше од летото, кога Москва, според тврдењата на САД и Киев, набавила беспилотни летала Шахед-136 од Иран. И покрај доказите, Техеран негира дека ѝ продавал дронови на Русија.

„Не му верувам на Иран“

„Не му верувам на раководството на Иран. Тие јавно го негираат сето ова, велат дека не ѝ продале ништо на Русија. Но, овде гледаме стотици напади со дронови. Во Украина, во Киев, гледаме напади врз цивилната инфраструктура, на училиштата, на универзитетите. Тие го уништуваат нашиот енергетски систем со нив“, рече Зеленски во интервју за канадската телевизија CTV.

Си-Ен-Ен неодамна објави, повикувајќи се на извори во разузнавачката заедница, дека Иран испраќа воен персонал на Крим за да ја обучи руската војска за употреба на дроновите.

Слични содржини