Лешник кекси со чоколаден прелив

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Состојки:

– 150 гр мелени печени лешници

– 300 гр брашно

– 150 гр шеќер

– 170 гр путер

– 1 лажичка прашок за пециво

– 1 јајце

– темно чоколадо за декорација

Подготовка:

Соединете ги сите состојки и направете ронливо тесто. Добиеното тесто завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер околу 30 минути.

Земете делови од тестото и направете топчиња со големина на орев. Ставете го во плех обложен со хартија за печење и секое топче притиснете го малку со дно од чаша.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути. Кога кексот ќе се излади, посипете го со растопено чоколадо.