Американски борбен авион Ф-35 се урна во Јута, недалеку од воздухопловната база Хил.
Пилотот на авионот Ф-35, кој се урна околу 18:15 часот по локално време, го преживеал падот и бил пренесен во болница, но не се знае неговата состојба.
Авионот се урнал недалеку од пистата во базата, при што пилотот се катапултирал пред падот. Причините за несреќата се уште не се познати, јавуваат американските медиуми.
🇺🇸 | A US F-35 fighter jet has crashed on the runway at Hill Air Force Base in Utah. #USA pic.twitter.com/bkBlHcBBFQ
— Su-57 5th Gen Fighter (@5thSu) October 20, 2022
Полковникот Крег Ендри, командант на 388-та борбен ескадрила, изјави дека авионот се враќал од рутинска обука пред да се урне.
По падот на авионот, избувнал пожар, кој се проширил на околу четири хектари, соопшти пожарникарската служба на Јута.