„На иницијатива на Северна Македонија, која е најпогодена од енергетската криза, и другите земји од Западен Балкан, започна оваа иницијатива. Имаше средба со комесарот Вархеји (Европскиот комесар за проширување) со министрите за Западен Балкан, а за ублажување на последиците од енергетската криза се обврзаа на една милијарда евра – 500 милиони ќе бидат издвоени за заедничка регионална поддршка“, изјави министерката задолжена за европски прашања на Црна Гора, Јована Маровиќ.
Министерот за капитални инвестиции Ервин Ибрахимовиќ рече дека е важно Црна Гора да се приклучи на овој европски проект.
„Јас и моите колеги од Западен Балкан имавме средба со Вархеји преку видео врска на која укажавме дека е итно да им се помогне на земјите од Западен Балкан. Мислам дека ова е добар проект од Брисел и треба да се поздрави“, рече Ибрахимовиќ.
Премиерот на земјата, Дритан Абазовиќ истакна дека овие пари не се мали за околностите на Црна Гора.
„Благодарни сме на ЕУ за поддршката и на овој начин сите победуваат во она што треба да биде зајакнување на меѓусебната доверба и партнерство“, рече премиерот.