140
Уште во текот на денешниот ден Град Скопје ја завршува процедурата за исплатата на платите на вработените во ЈСП. Од тука натака е на трезорот на Министерството за финансии. Сметаме дека денеска или утре ќе бидат исплатени платите. Овие средства се доволни за овие три-четири месеци, кажа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
-Морма да кажам дека по 30 години пљачкосување на државата од страна на сите политички партии кои ги гледате тука очигледно е дека ако не сте градоначалник од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веднаш следи јавен линч.Платите доцнеле некогаш и повеќе од пет дена, но никогаш не бил прекинат јавниот превоз, кажа Арсовска.