Борис Џонсон вчера го пропушти клучното гласање за останување на Лиз Трас на местото премиерка бидејќи тој е на одмор на Карибите.
Поранешниот премиер не се појави на парламентарното гласање и покрај тоа што побара пратеничка плата од 84.144 фунти.
Пријателот на Џонсон и поранешен соработник на Даунинг стрит 10, Ендрју Гилиган, изјави денеска за радио ЛБЦ дека поранешниот премиер моментално е на одмор на Карибите.
„Мислам дека тој веројатно многу ужива“, додаде Гилиган.
Не е познато колку долго ќе трае неговото патување, но за Џонсон осум дена претходно беше пријавено дека е на семеен одмор од другата страна на Атлантикот.
Неговата сопруга Кери на 6 октомври објави фотографија на социјалните мрежи на која се наоѓа на даска за веслање, без да прецизира каде се наоѓа.
Тоа значи дека Џонсон отсуствувал од парламентот додека тој заседавал – и додека владата на неговата наследничка е во состојба на колапс.