Мицкоски: Ако го искинеме Договорот со Бугарија, што ќе добиеме?

од Nikola Popovski
143 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва повторно говореше за Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

-Еве и да земеме да го искинеме, што ќе добиеме со тоа? За да дојдеме до нов договор, таму треба да има позиции дека се подготвени да го репреговараме. Затоа ние имаме јасна позиција дека ова немаме намера да го почитуваме и подготвени сме да го репреговараме тој дел кој што за нас е навредлив и го чувствуваме како асимилаторски. Ние немаме проблем со делот од договорот каде што се вика ајде да градиме пруга, магистрали, да развиваме туризам, рече Мицкоски во емисијата „Јади бурек“.

Според него, „суштината на Бугарите е да го приватизираат македонизмот и да го поврзат со бугарскиот идентитет и да кажат дека македонизмот е дел од бугарскиот идентитет“.