Орбан: Ограничување на цената на гасот е исто како да сакате да платите двојно помалку за пиво во кафуле

од Nikola Popovski
193 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека предлогот на Европската комисија за ограничување на цената на рускиот гас е идентичен со ситуација во која некој сака да плати половина цена за пиво во кафуле.

Овој став Орбан го изнесе преку Твитер, од самитот на европските лидери што почна денеска во Брисел.

„Предлогот на Европската комисија за ограничување на цените на бензинот е како да одите во кафуле и да му кажете на барменот дека сакате да платите половина цена за вашето пиво“, напиша Орбан и додаде: „Тоа нема да се случи“.

Клиентите не можат да ги намалат цените на енергијата, рече унгарскиот премиер, нагласувајќи дека тоа може да се постигне само со диверзификација и конкуренција.

Слични содржини