165
Серија експлозии утрово одекнаа во Харков и Запорожје, соопштија локалните власти.
Ракетите погодија индустриски објект во Харков, изјави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, додавајќи дека спасувачите допрва треба да го утврдат степенот на штетата и дали има жртви, пренесе „Ројтерс“.
Регионалниот гувернер на Харков, Олех Синегубов, изјави дека пет лица се ранети.