Документи за новиот план на „Твитер“: Маск отпушта три четвртини од вработените?

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Вработените во Twitter се огласија на социјалните мрежи стравувајќи дека ќе бидат отпуштени откако се појавија документи кои покажуваат дека американскиот милијардер Елон Маск планира да ја намали својата работна сила за 75 отсто.

Корпоративните документи до кои дојде „Вашингтон пост“ откриваат дека Маск им кажал на потенцијалните инвеститори во договорот вреден 44 милијарди долари дека планира да се „ослободи“ од три четвртини од 7.500 вработени во компанијата.

Тоа би ја оставило компанијата само со скелет тим од нешто повеќе од 2.000 вработени, што, како што велат експертите, би ѝ отежнало на компанијата за социјалните медиуми да го отфрли она што го смета за „дезинформација“.

Сега голем број работници стравуваат дека би можеле да бидат меѓу повеќе од 5.000 отпуштени од компанијата кога Маск (51) ќе ја преземе функцијата.

Слични содржини