Портпаролот на СДСМ, Данела Арсовска е виновна за хаосот во градот и поради тоа треба да си даде оставка, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, „советничката од СДСМ Љубица Јанчева одговорите да ги побара од Арсовска на една од многуте тајни средби што ги има секретарот на СДСМ, Миле Зечевиќ со Данела Арсовска“.
-Последниот кадар кој раководеше со ЈСП а доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ е директорот од времето на Коце Трајановски, Игор Јанушев кој ЈСП на Шилегов му го препушти со добивка од над 1 милион евра. Како ЈСП од претпријатие со добивка стана загубар, одговорите да си ги побара Јанчева од портпаролот на СДС, Данела Арсовска, велат од партијата.
Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје денеска порача дека „поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка, Скопје за првпат во историјата остана без јавен превоз, а вработените во ЈСП без плати“.