Немав намера да се кандидирам, но по природа сум борец, вели Русковска

од Nikola Popovski
177 прегледи

Суспендираната јавна обвинителка Вилма Русковска вели дека во повеќе наврати изјавила дека нема намера да се кандидира за шефица во Обвинителството за гонење организирал криминал, но бидејќи „по природа сум борец и се што се случи во последните два месеци, ме мотивираше да поднесам пријава за истото работно место“.

-Да не беше временото оддалечување на работното место и предлогот за поведување дисциплинска постапка, сигурно немаше да се пријавам повторно, но како што кажав, борец сум и сакам да се изборам на ниту еден колега во иднина да не му се случи ова, што ми се случи мене. Токму суспензијата и се што следуваше, ќе ги мотивира колегите обвинители да гласаат по свој избор. Сигурна сум дека нема да подлегнат на никакви притисоци, потенцира Русковска во своето гостување на „Топ тема“.

Слични содржини