Истрага против велешанец кај кого беше пронајдена марихуана

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 36 години, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во својот дом во Велес, осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во количина од 84,07 грама.

На 19 октомври тој на две лица им продал 35 грама од дрогата за вкупен износ од 10.000 денари.

Поради опасноста осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, како и да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците, Основното јавно обвинителство Велес предложи да му биде определена мерка притвор. Судија на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Слични содржини