Kасами: Тетовецот кој го нападнаа кучињата нема поднесено ниту една пријава

од Берта Китинска
175 прегледи

За Проблемите со бездомните кучиња градоначалникот на Општина Тетово Билаљ Касами очекува помош и поддршка од јавноста и централните институциите.

Тој рече дека општината работи на справување со проблемот, прифаќа критики, но смета дека има и тенденциозно информирање, креирање невистинита слика, како и соочување со несовесни постапки од граѓаните.

-Таков е примерот од пред неколку дена, во објавено видео на социјалните мрежи во кое не се гледа јасно дали лицето кое го нападнале кучиња, намерно ги испровоцирал или навистина се нашол во незгодна ситуација. Лицето иако тврдело дека неколкупати досега било нападнато, нема поднесено ниту една пријава за напад до општината, Клиничката болница или пак до СВР Тетово. За сите вакви нејасни случаеви општината ќе истражува и ако најдеме докази за злоупотреба на вистината, соодветно ќе реагираме. Добро ќе беше фокусот да го насочевте истражувајќи за тоа кој носи кучиња од други населени места, односно за се она што може да ни помогне да го решиме проблемот. Нема никаква потреба констатно да се сомневате во сето она што го работи општината за решавање на овој и другите проблеми. Барем еднаш да покажеме заедништво и соработка, која сигурно ќе резултира со позитивни резултати. Почнавме сериозен проект, па ајде заедно да го решиме, истакна Касами.

Слични содржини