Во своето видео обраќање до нацијата, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека снабдувањето со електрична енергија е вратено во некои делови на Украина каде што беше прекинато поради руски ракетни напади врз енергетската инфраструктура.
Руските сили истрелаа 30-40 ракети врз украинските енергетски капацитети, оставајќи околу 1,5 милиони домаќинства без електрична енергија.
Тој изјави дека снабдувањето со електрична енергија е делумно обновено во јужниот регион на Одеса и во западните региони Хмелницки и Ривне.
– Позитивни вести доаѓаат и од другите региони. Но, во многу градови, во многу региони, поправките сè уште се во тек. Се трудиме што поскоро да им ја вратиме струјата на нашите граѓани – рече украинскиот претседател.
Зеленски, исто така, ги повика жителите да продолжат со штедливо користење на електричната енергија и да ја ограничат употребата на уреди кои трошат многу струја.
– Стабилноста на електричната мрежа на целата земја зависи од секој град и населено место во Украина. Дури и да може непријателот привремено да не остави без струја, никогаш нема да не остави без желба работите да функционираат како што треба, да ги поправиме и да ги вратиме во нормала – рече украинскиот претседател.