Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на турнејата низ Западен Балкан својата турнејата ќе ја започне во Скопје на 26 октомври, па ќе продолжи на 27 октомври во Приштина и Тирана, а потоа на 28 октомври ќе престојува во Белград и Сараево и на крајот на 29 октомври во Подгорица.
Претседателката на ЕК доаѓа неколку дена по објавувањето на годишните извештаи за напредокот на земјите од Западен Балкан кон Унијата.
Фон дер Лајен очекува да биде објавен пакетот помош за Западен Балкан, кој комесарот за проширување Оливер Вархеј го најави во говорот во Стразбур на 19 октомври.
Пакетот се состои од „буџетска помош за енергетската криза и нејзиното влијание врз домаќинствата и бизнисите, а овие мерки треба да бидат корисни веќе оваа зима“, рече Вархеји.
Фон дер Лајен треба да информира за одлуката на ЕУ да го вклучи Западен Балкан во заедничката набавка на гас.