Џафери го прими орденот „Јарослав Мудриот“

од Nikola Popovski
120 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери синоќа во Загреб го прими орденот „Јарослав Мудриот“, кој го доделува претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

-Особено сум почестен што, во име на претседателот на Украина и украинскиот народ, претседателот на Собранието, Стефанчук ми го додели Орденот Јарослав Мудриот за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот, напиша Џафери после свечената церемонија конференцијата на Кримска платформа.

Џафери во април годинава ја посети Украина со цел да ја потврди општата определба на државата да ја поддржи Украина и украинскиот народ после руската агресија.

Како што е објавено, со Орденот на кнезот Јарослав Мудриот, се одликувани и Ненси Пелоси од САД, Бас Бербел од Сојузна Република Германија, како и повеќе политички личности од Полска, Норвешка, Ирска, Швајцарија, Франција, Естонија, Литванија и Хрватска.

 

Слични содржини