221
Русија не смее да го ескалира конфликтот во Украина со лажни тврдења дека Киев планира да фрли таканаречена „валкана бомба“, предупреди шефот на НАТО Јенс Столтенберг.
Столтенберг ги коментираше тврдењата на Москва дека Украина може да распореди такво оружје, предизвикувајќи стравувања дека Русија може да го употреби и да го обвини Киев за тоа.
Столтенберг рече дека разговарал со шефот на Пентагон Лојд Остин и британскиот министер за одбрана Бен Валас „за лажното тврдење на Русија дека Украина се подготвува да употреби валкана бомба на своја територија“.
„Сојузниците на НАТО го отфрлаат ова обвинение. Русија не смее да го користи тоа како изговор за ескалација. Остануваме цврсто во нашата поддршка за Украина“, напиша тој на Твитер.