Би седнал да разговарам со Мицкоски, вели Ковачевски за евентуалните уставни измени

од Nikola Popovski
220 прегледи

Добро е дека се разговара за уставните измени и сметам дека тоа треба да биде процес кој што се одвива во процедура согласно нашите закони. Штом ќе биде отворена таква процедура и се види дека има волја, сметам дека треба да се седне на маса и сите партии да го кажат својот став, за да се дојде прифатливо решение за сите, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прашањето што мисли за ставот на Алијанса на Албанците и Беса кои најавија дека ќе гласаат за уставни измени само доколку се тргнат 20% од Уставот за албанскиот јазик.

На прашањето дали би седнал да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски околу евентуалните уставни измени, Ковачевски вели дека веќе се виделе кога се разговарало за францускиот предлог и енергетската криза.

-Секогаш кога ќе има прашање од интерес за сите граѓани, ќе се видиме и ќе разговараме како што разговараме и со лидерите на другите политички партии, рече премиерот.

Тој истакна дека засега немал разговор со ниту една политичка партија за вклучување во Владата.