Постојат инструменти и механизми за докажување и откривање на состојбата на незаконски стекнатиот имот, вели Тупанчевски

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Министерот за правда, Никола Тупанчески очекува во најскоро време да биде доставена драфт-верзијата на предлог-законот за потекло на имот.

„Имав средба со претседателката на Антикорупциската комисија, разговаравме и за Законот за утврдување на потекло на имотот и би требало драфт верзијата да биде готова. Очекувам, во најскоро време и ние како Министерство за правда не само да бидеме запознаени, туку да дадеме и свој придонес.И без овој закон, во моментов постојат инструменти и механизми за докажување и откривање на состојбата на незаконски стекнатиот имот“, изјави Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања.

Слични содржини