Новиот британски премиер: „Наш приоритет е економската стабилност“

од Stefanija Kuzmanovska
162 прегледи

Новиот британски премиер Риши Сунак во својот прв говор пред седиштето на владата во Даунинг стрит меѓу другото рече дека раководството на државата го презема во време кога се соочува со длабока економска криза и дека приоритет на неговата влада да биде економската стабилност.

„Економската стабилност и доверба ќе ги ставам на врвот на владината агенда, но тоа ќе подразбира и тешки одлуки“, рече Сунак и им се заблагодари на поранешните премиери Лиз Трас и Борис Џонсон, пренесува Би-Би-Си.

Тој рече дека се восхитува на желбата на Трас да ги олесни промените, но додаде дека „направени се некои грешки“. Тоа го мислеа и многу други членови на британската влада, како и американскиот претседател Џо Бајден.

„Не згреши од лоши намери, напротив. Но, сепак таа направи грешки“, рече новиот премиер.

Слични содржини