Брнабиќ: Сакаме да влеземе во ЕУ, но и почитување на меѓународното право

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Србија сака да стане членка на ЕУ и ќе работи на тоа, но бараме сите да покажат почит кон нашиот територијален интегритет како меѓународно призната земја, на ист начин како денес, сосема коректно, се брани територијалниот интегритет на другите меѓународно признати земји, изјави мандатарката за состав на новата влада на Србија, Ана Брнабиќ.

Брнабиќ во своето излагање пред Собранието рече дека Србија бара неселективно да се почитуваат принципите на меѓународното право, како и Повелбата на ОН и доследно да се почитуваат и спроведуваат сите резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Таа истакна дека Србија останува посветена на дијалогот со Приштина, но пред какви било договори за понатамошни договори за нормализација, рече дека е природно и логично првиот договор за нормализација, бриселскиот договор, да мора целосно да се спроведе.

Слични содржини