172
Професорот Тодор Чепреганов смета дека нашите политичари со промената на името на државата требале да постават услов покрај влезот во НАТО, нашата земја да биде примена и во ЕУ.
-Промената на името на државата беше услов за влез во НАТО требаше да речеме „НЕ“ ако го менуваме името ќе не примите и во ЕУ, не да оставите и да чекаме дали и 2030 година Македонија ќе стане дел од Европа.Тоа го прават политичари дипломати, ако им текнало на нашите политичари тогаш требало тоа да го постават како услов веднаш, вели во „Само Вистина“, проф. Чепреганов.