Фон дер Лајен: Мојата порака е јасна – ЕУ е со вас

од Берта Китинска
241 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, на прес конференцијата со премиерот Димитар Ковачевски, рече дека се сеќава на последната посета на Скопје и на се што ветила притоа, вклучувајќи го и тоа дека нашиот јазик во ЕУ ќе се нарекува македонски и дека ќе почне скрининг процесот со Македонија.

„Драг, Димитар беа потреби лидерство и храброст во Собранието да се премине тој праг.Како што ветив скринингот почна ведша и преговарчкиот процес започнува со предвидената динамика“, кажа Фон дер Лајен.

Таа најави 80 милиони евра грант за итно справување со кризата во Македонија ( од 500 милиони евра помош за регионот), со најава дека уште ќе дојдат.

„Мојата порака е јасна – ЕУ е со вас“, и ова криза ќе ја поминеме заедно.Покажавте сериозна посветеност на вредностите на ЕУ, заслужувате да се придвижите напред. Уверена сум дека младите сонуваат за ЕУ“ , но и за Македонија во ЕУ, кажа Фон дер Лајен.

Слични содржини