Драго ми е што со Претседателката Фон дер Лејен зборувавме за иднината и за она што следи, за фактот дека македонскиот јазик и идентитет се осигурани и што имаме отпочнати преговори, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски по потпишувањето на Договорот за Фронтекс на кој присуствуваше и претседателката на ЕК Фон дер Лејен.
-Визионерството, одлучноста, тешките но храбри одлуки даваат резултат. Го потпишавме Договорот за Фронтекс, на македонски јазик без фусности и ѕвездички. Северна Македонија и Европската Унија заеднички го испорачуваат ветеното, ја зајакнуваме нашата соработка и одлучно чекориме по европскиот пат.Во мое лично име и во име на граѓаните, изразувам благодарност за поддршката од ЕУ за заеднички да ја надминеме и енергетската криза, но и да обезбедиме енергетска независност и енергетска трансформација, напиша Ковачевски.