Зеленски: Ќе има добри вести од фронтот

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Украинските трупи се држат против континуираните напади на руските сили во два источни града, додека армијата на јужниот фронт е подготвена да се бори за стратегискиот регион Херсон, кој Русија го зајакнува, наведува „Ројтерс“.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави во средата навечер дека ќе има добри вести од фронтот, но не даде повеќе детали, додаде британската новинска агенција.

„Најжестоките борби на истокот на Украина се водат во Адивика, пред Доњецк и во близина на Бахмут“, навел Зеленски.