260
Бугарите со одредени барања претеруваат и чепкаат во достоинството на македонскиот народ што е доста некоректино.Некои работи треба да останат во историјата, кажа гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари во „Само Интервју“.
-Мислам дека Александар Македонски не бил ниту, Грк, ниту Македонец, ниту Албанец. Бил нешто што сега не постои. Дали тоа ќе смени нешто ако се „открие“ што бил тој? Се претерува со тоа дека таквиот момент треба да биде услов за започнување на преговорите, вели Таравари.
Тој напомена дека добро е што С.Македонија заедно со Албанија во пакет ги почнала преговорите со ЕУ.