Петрушевски: Имаме голема доверба во Антикорупциска, не ни треба второ СЈО

од Nikola Popovski
240 прегледи

Државата располага со граѓанските пари и таа ги троши и таму може да биде корупцијата. Таму може да биде корупцијата. Корупцијата не може да биде во опозицијата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тој додаде дека доколку постои член на ВМРО-ДПМНЕ обвинет за корупција, истиот веднаш да биде казнет.

-Јас да сум лично тој, одма да ме казни и ДКСК и Јавно обвинителство. Имаме голема доверба во ДКСК затоа што се разликува од сите други институции, затоа што избрани се со консензус и затоа што повеќе им веруваме дека можат да бидат партнер на народот за да се справи државата со корупцијата. Не можам да верувам на Финансиската полиција, МВР и Обвинителството. Затоа давам максимална поддршка на ДКСК, рече синоќа Петрушевски во емисијата „Клик плус“ и додава дека „второ СЈО не ни треба во државата“.

Слични содржини