252
Американскиот претседател Џозеф Бајден изрази скептицизам кога станува збор за изјавите на рускиот претседател Владимир Путин дека нема намера да употреби нуклеарно оружје во Украина.
„Ако нема намера, зошто продолжува да зборува за тоа? Зошто зборува за можноста за употреба на тактичко нуклеарно оружје? Беше многу опасен во начинот на кој му пристапи на тоа“, изјави Бајден за телевизијата NewsNation, пренесува „Ројтерс“.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека Русија никогаш не кажала самоиницијативно дека може да употреби нуклеарно оружје.