253
Нова дојава за бомба во скопското средно училиште „Никола Карев“ во скопската населба Карпош 3.
Ученици за „Локално“ велат дека на првиот час во втора смена им било кажано од обезбедувањето да излезат од училиштето бидејќи не е безбедно.
МВР веќе излезе и официјално за дојавата.
Денеска (28.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштeто и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.
Б.М.